Почнува изградбата на новиот водоснабдителен систем во Гевгелија
Изградбата на новиот водоснабдителен систем во Гевгелија ќе стартува на 15 февруари, најави денеска градоначалниот Иван Франгов по средбата со претставниците на изведувачот „Хидрострој“, надзорната фирма „Геинг“ и проектната единица при Министерството за финансии.
- Заеднички констатиравме дека сите подготовки се завршени и договоривме изведбените работи да почнат на 15 овој месец и ќе се реализираат согласно потпишаниот Договор, рече Франгов.
Проектот за подобрување на системот за снабдување со вода предвидува изградба на нови бунари со проектирана издашност од 150 до 200 литри вода во секунда, хлорна станица, резервоар на Мрзенски рид со капацитет од 1.000 метри кубни и потисен цевковод од бунарите до резервоарот, со должина од 1.366 метри.
Изградбата на системот вреден околу 105 милиони денари треба да заврши до крајот на оваа година.Средствата се обезбедени преку ИПА грант од Европската инветициска банка и преку подзаем од Светската банка.
Ново на Сител
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“