Бизнис
24. February 2016 - 8:43

Почнува изградбата на ладилник во Негорци - ИПАРД инвестиција

Во село Негорци, Гевгелија, денеска ќе бидат поставени темелите на ладилниот откупен центар за овошје и зеленчук на Ледра Агро ДОО, инвестиција кофинансирана од ИПАРД Програмата.

На поставувањето темели ќе присуствува директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Билјана Вуковиќ.