Бизнис
14. September 2015 - 13:46

Почнува изградбата на фабриката на италијанска „Кондево“ во ТИРЗ Штип

Во Tехнолошко индустриска развојна зона - Штип денеска ќе почне изградба на фабрика на италијанската компанија  „Кондево“, инвестиција, според најавите, од над 40 милиони евра  со  250 нови работни места.

На почетокот на градежните работи е најавено присуство на премиереот Никола Груевски, кој во март годинава ја најави инвестицијата на „Кондево“ во Штип.

Италијанската компанијата „Кондево“ е лидер во производството на топлотни разменувачи за бојлери и добавувач на светски познатите производители на бојлери.