Бизнис
29. January 2016 - 20:07

Почнува изградбата на експресниот пат Прилеп – Градско

Почнува  изградбата на експресниот пат Прилеп – Градско.  Надлежните денеска потпишаа договор вреден 31,8 милиони евра со шпанската компанија Констракшн Рубауко, која ќе ја гради првата фаза од Фариш до Дреновска Клисура во должина од 10 километри.  Фирмата има рок од 24 месеци да ја заврши градбата. Новиот експресен пат  е од голам важност за пелагонискиот регион. Освен што ќе ја подбри безбедснота во сообраќајот ќе прилече и многу домашни и странски фирми  тврди градоначанликот на Прилеп Ристоски.  

Втората фаза  е од Градско  преку Романовце до клучката кај Кавадарци, а последната од Тројаница  до влезот на Прилеп.   Ќе биде во должина од 33 километри и ширина од 12,4 метри. Ќе има по две коловозни ленти од двете страни.

Потпишан е и договор за изградба на патниот правец Кочани- Делчево во вредност од 6 милиони евра, кој ќе го гради домашната компанија Гранит.

Покрај овие два патни правци , годинава се планира да почне изградбата и на уште четири нови експресни патишта со вкупна должина од 104 километри  инвестиција од 247 милиони евра.