Македонија
25. November 2017 - 18:36

Почнува изградба на водоводна и канализациска мрежа во општина Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски и директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Душко Васковски денеска извршија увид во градежните работи на улицата „Лазар Поп Трајков“ во Автокоманда.

Таму се врши приклучок на водоводна и канализациска мрежа на објектот на Културниот дом и Студиото за продукција на филмска музика „ФЕИМС“.