Бизнис
25. September 2017 - 19:45

Почнува инвестициски циклус од 20 милиони евра во водоводната и канализационата мрежа

Со 20 милиони евра  ќе се гради водоводна и канализациона мрежа во над 20  општини во земјава.  Министерот за транспорт најавува нов инвестициски циклус – за време на неговиот манадат покриеноста со канализациона мрежа од 18 ќе ја подигне на 40 отсто.

Целта е да има рамномеренен регионален развој и да го подигне кбалитетопт на живот во руралните средини.. Дел од парите се кредит, дел  грантови. Со 7,4 милиони евра од Европскаат Инвестициската банка ќе се финансираат 18 проекти

-Со инвестициите ќе бида опфатени проекти како: изградба на пречистителна станица за вода за пиење во Липково, изградба на цевковод за подобрување на водоснабдувањето во Гостивар, инсталација на нови водомери со далечинско отчитување во општина Куманово, изградба на дел од канализациона мрежа во населено место Големо Коњари, во Прилеп, изградба на секундарна мрежа фекална канализација за населените места  Короишта, Ливада и Ложани во општина Струга и реконструкција на водоводна мрежа на наслеба Превалец до село Оризари во оштина Велес., изјави Горан Сугарески, министер за транспорт.

Водоснбабдувањето во Кавадарци, Гевгелија и Радовиш  ќе се подобрува со 8 милиони евра од КФГ банката,  од кои 5 се грант.

Секретаријатот за економски прашања на Швајцарија одобри 4 милиони евра за  подобро водоснабдување на Гостивар.Сугарески најавува почеток на реализацијата на проектите  крајот на декември или почетокот на јануари наредната година.