Свет
3. July 2018 - 14:50

Почнува голема трка со времето: Министерот открива како ќе гиизвлечат децата од пештерата, ги чека вистински пекол

Иако завладеала огромна радост кога групата млади фудбалери биле пронајдени во пештерата длабока 10 метри на Тајланд, таа набрзо била засенета од грижата за тоа како децата и нивниот тренер ќе се извлечат на површината.
 
Тие се наоѓаат длабоко во потопената пештера, веќе десет дена седат на "плажа" и чекаат помош. А кога помошта конечно пристигнала, уследиле бројни прашања и проблеми. 
 
Никое од децата не знае да плива, па така првобитниот план е децата да научат да нуркаат. Имало планови и да се избуши дупка или да се спушти нивото на водата, но тоа е се под знак прашалник. Исто така, ни временската прогноза не им оди на спасувачите во прилог.
 
На крајот, се размислувало и за тоа групата фудбалери да остане во пештерата до крајот на дождливата сезона, па потоа да се почне со евакуација кога нивото на водата целосно ќе се намали. Секако, во меѓувреме, и децата и тренерот ќе ги добијат сите услови за да преживеат четири месеци во темнината.
 
Меѓутоа, изгледа дека и тој план е откажан, и сега повторно во игра е планот број 1 - децата да научат да нуркаат и така да се обидат да излезат на површина. Зошто? Одговорот е многу јасен, временската прогноза е катастрофална и тајландските власти се во паника дека нивото на водата ќе се крене до степен да ги поплави и просториите во кои се наоѓаат децата. Па така, почнува голема трка со времето.
 
Временската прогноза не ни оди на рака и акцијата за спасување мора да се забрза. Ќе употребиме опрема за нуркање, тоа е дефинитивно. Ако нивното на вода се крене, не чека пекол, многу тешка задача. Мораме што побрзо да ги извлечеме тие деца на безбедно", рекол тајландскиот министер за внатрешни работи, Анупонг Паојинд.
 
Министерот е свесен дека тоа што следи е многу опасно и ризично.
 
 
 
"Нуркањето не е лесно, посебно за луѓе кои никогаш не го правеле. А замислите како е да се нурка во пештера полна со ходници и премини...Едноставно, човек кој сака да мине низ таа пештера, мора добро да знае да ја користи опремата за нуркање. Ако во било кој момент дојде до проблем со опремата, тоа може да биде погубно", рекол министерот, потврдувајќи дека децата не знаат да пливаат, што страшно ја компликува целата операција.
 
Во меѓувреме, спасувачите на Твитер објавиле дека бараат 15 маски за нуркање за деца.