Македонија
22. March 2017 - 8:38

Почнува циклусот инфо-сесии за полесна примена на законите во бизнисот

Со информативниот настан „Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи и Законот за безбедност и заштита при работа“ денеска во Велес, почнува циклусот инфо-сесии што го организираат Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) и „Епицентар Интернационал“. 

Инфо-сесиите се дел од проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, а нивната цел е надминување на тешкотиите со кои се соочуваат македонските микро, старт-ап, мали и средни компании при имплементирањето на законите и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог. 

Како што најавија Стопанската комора и „Епицентар Интернационал“, предвидено е до 7 јуни годинава да се одржат вкупно 18 инфо-сесии во десет градови, Велес, Куманово, Тетово, Кавадарци, Битола, Струга, Охрид, Струмица, Штип и СкопјеЗемјоделството, текстилот, градежништвото, ИКТ и туризмот се клучните сектори што ќе бидат опфатени со дискусиите на информативните настани.