Почнува 43. Саем на мебел во Скопје
На Скопски саем од денеска до 26 март се одржува 43. Меѓународен саем на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата на мебел.
Над 400 изложувачи од Македонија, Србија, Хрватска, Грција, Италија, Босна и Херцеговина и Словенија ќе се претстават во вкупно 11 хали со мебел и опрема за домаќинства, како и една хала наменета за машини и репроматеријали за индустријата за производство на мебел.
Саемот ќе биде отворен од 10 до 20 часот, цената на влезницата е 100 денари за индивидуални и 50 денари за групни посети и студенти.
Секоја година Саемот на мебел има над 50.000 посетители, а годинава освен изложувачи на мебел, учество ќе земат и повеќе банки и осигурителни компании кои на посетителите ќе им ги понудат поволностите за кредитирање и осигурување на своите домови.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море