Почнува 42. фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“
Со дефиле на учесниците и нивна изведба на изворни народни песни во центарот на Прилеп вечерва почнува 42. Меѓународен фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.
Фестивалот ќе биде отворен од 20 часот на камената бина на плоштадот „Александрија“ во Прилеп каде ќе настапат дел од учесниците. Од преку 500 пријавени, годинава учествуваат околу 350 поединци и групи од цела Македонија и од Србија, Бугарија, Русија и од Австралија.
Утре напладне во киното „Мис Стон“ ќе се одржи реконструкција на стар градски обичај „Тајане Бојане“ по повод празникот Иванден, обичај со длабоки корени во традицијата на прилепскиот крај.
Утревечер од 18 часот на Рудина кај Долнени ќе се одржи втората фестивалска вечер.
Во меѓувреме на Фестивалот трета година по ред се одржува Семинарот за изучување на народни инструменти и изворен мелос на кој 30 учесници од Македонија, Русија и Србија теоретски и практично ги изучуваат инструментите гајдат, кавал, тапан и зурла.
Според уметничкиот директор Родна Величковска од Институтот за фолклор од Скопје, Фестивалот успешно ја негува и ја зачувува изворната фолклорна традиција во Македонија, а таа се пренесува на младите поколенија.
- Доказ за тоа се големиот број нови млади учесници на Фестивалот кои се заинтересирани да ги изучуваат народните инструменти и песни, вели Величковска.
Фестивалот ќе ги награди најдобрите учесници, ќе додели Гран при награда, а странски гајдаџија ќе ја добие „Гајдата на Пеце Атанасовски“ што ја доделува општината Долнени.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите