Почнува 18. Интернационален фестивал на монодрама „Битола 2016“
Со изведба на „Животот е прекрасен“ на режисерот Александар Морфов, најновата претстава на Македонскиот народен театар, вечер во Центарот за култура-Битола ќе биде отворен 18. Интернационален фестивал на монодрама „Битола 2016“.
До 10 мај НУ Центар за култура-Битола ќе биде домаќин на актери од САД, Литванија, Србија, Албанија, Хрватска, Бугарија, Ерменија, Израел и од Македонија, кои ќе изведат 17 монодрамски остварувања, од нив 13 во конкуренција, а четири се придружен дел на фестивалската програма.
- Фестивалот годинава го постигнува своето полнолетство, тој е квалитетен и со соодветен квантитет во однос на бројот на претставите, а дел од апликантите моравме да ги отфрлиме. На програмата ќе има кабаретски претстави, мономјузикл, моноопера и друга понуда. Голем е интересот на македонските актери и режисери, а ќе бидат застапени и монодрами кои ги потпишале познати светски класици, како Буковски, Твен, Достоевски, Гогољ, Дарио Фо и други, истакна Петар Мирчевски, селектор на фестивалот.
За наградите ќе конкуририраат актерите: Мирјана Вукојчиќ од Србија, Димитри Орготска од Албанија, Јоланта Поденојте од Литванија, Бремнер Дути од САД, Вилим Матула од Хрватска, Татјана Хазановскаја од Израел, Нора Бадалијан од Ерменија, Озрен Гранариќ од Хрватска, Ана Батева од Бугарија, како и македонските актери Трајче Јованов, Никола Тодороски, Мите Грозданов и Ивана Атанасова.
Меѓународното жири ќе го предводи Петар Темелковски, во кое ќе членуваат Билјана Крајчевска и Братислав Димитров од Македонија, Нина Мазур од Украина и Иван Лео Лемо од Хрватска.
Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2016“ е поддржан од Министерството за култура.
Ново на Сител
-
Политичките партии со реакции по вчерашното дивеење низ Скопје
-
МВР постапува за сквернавењето на знамето
-
Во Македонија има над 140.000 кучиња миленици
-
Патот Кичево – Охрид клучен за развој на охридскиот бизнис
-
Штип во борба со корупцијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ