Почнува 13-от Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2016“
Со традиционално дефиле на фолклорните ансамбли низ велешките главни улици, вечерва ќе почне 13-от Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2016“, кој ќе трае до 9-ти јули.
Свеченото отворање на фестивалот на фолклорот е закажано вечерва во 20:30 минути во амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес.
Како што информира за медиумите претседателот на Организацискиот одбор, Томе Јаневски годинава на фестивалот ќе земат учество 21 ансамбли од Македонија, Мексико,Србија, Црна Гора, Турција, Романија, Бугарија, Полска, Грција, како и македонски ансамбли од Австралија.
На фестивалот ќе настапат и македонските ансамбли „Китка“ од Истибања, „Бојмија“ од Гевгелија, „Ацо Ѓорчев“ од Неготино, Младинскиот клуб на Мажоретки од Скопје, Младинскиот црковен хор од Велес, како и велешките фолклорни ансамбли „Керамичар“,„Коле Недлековски“,„Вила зора“, „Распеани велешани“ и „Распеани пензионери“.
Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес 2016“ според организаторите прераснува во еден од најзначајните фолклорни фестивали во Македонија, на кој се презентира нашата културна традиција преку народните ора и песни.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација