Loading Video...
Македонија
22. February 2021 - 16:42

Почнаа преговори за набавка на „Спутник“ вакцина, кинеските се најавуваат до крајот на оваа недела

До крајот на оваа недела се очекува да пристигнат нарачаните 200.000 вакицини од кинескиот Синофарм, а во тек е набавката на 100.000 Спутник вакцини од Русија, потврди премиерот Заев.

-Дадов насоки министерот за здравство согласно стручните експерти кои утврдија дека има можност за уште 100 илјади вакцини веднаш да направат набавка и од таа вакцина која што ја немаме, а тоа е „Спутник“ влегоа веднаш во разговори.

Руската вакцина е одобрена во над 15 земји, но не и од европската агенција за здравство. Светските научници не ја оспоруваат нејзината ефикасност. Според медицинското списание Лансет „Спутник“ обезбедува одлична превенција против Ковид, со успешност од 91 процент. Сериозните нуспојави се ретки, а најчесто по примањето се јавува малаксаност и умор. Се работи за векторска вакцина, а според начинот на кој е направена е слична на Оксфордската. Со неа веќе се имунизираат повеке држави во регионот, а најавено е дека наскоро ке почне да се произведува  во Србија.