Балкан
21. December 2016 - 11:05

Почнаа консултациите за формирање нова влада на Романија

Романскиот претседател, Клаус Јоханис ги почна денеска консултациите со делегациите на Социјалдеморкатската партија (СДП) и Алијансата на либерали и демократите (АЛДЕ) за формирање нова влада на Романија.

СДП ја претставува претседателот на партијата Ливиу Драгнеа, а АЛДЕ копретседателите Калин Попеску Таричану и Даниел Константин. 

Ова е втор круг консултации, откако пред една недела претседателот ги имаше првите средби со претставници на политичките партии од новиот паламентарен состав. Тогаш СДП и АЛДЕ не присуствуваа.