Почнаа карневалските денови во Струмица
Струмица го започна осумдневното карневалско славје со синоќешниот детски маскембал на кој учествуваа околу 250 маски, а Јован Багашовски и Тања Андонова беа избрани за принц и принцеза.
Тие ќе ја предводат детската главна карневалска поворка в недела низ струмичкото корзо до плоштадот „Гоце Делчев“.
- Многу сме задоволни од масовноста на маскембалот, но и од креативноста на маските. Децата и нивните родители покажаа дека Струмица навистина живее со и за карневалот. Трета година ја одржуваме оваа манифестација која треба да премине во традиционална, зошто оттука децата ги учат правилата на карневалот, односно одржувањето на засебните настани маскембал и карневал, објасни Мери Јанчева, организатор на детскиот маскембал.
Денеска ќе се одржи традиционалниот Концерт под маски на ОМУ „Боро Џони“, а претходно ќе бидат објавени резултатите од конкурсот за најдобри остварувања на тема карневал во струмичката библиотека и ќе биде отворена изложбата на фотографии од ланскиот карневал.
Утре претпладне ќе биде карневалското дружење со гостите од странство, а вечерта во хотелот Сириус ќе се одржи традиционалниот маскембал, на кој ќе бидат одбрани принцот и принцезата кои ќе ја предводат главната карневалска поворка в сабота на 25 февруари.
В недела на 26 февруари ќе се одржи традиционалниот детски карневал.
В понеделник е „Чист понеделник“ кога на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ ќе биде послужен бел грав. Претпалендето ќе бидат објавени најдобрите маски, а вечерта ќе биде отворена изложбата на карикатури и афоризми, учесници на 18. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам.
На 28 февруари ќе бидат доделени наградите од Интернационалната карневалски вечер и тримерската карневалска забава.
Карневалските прослави завршуваат в среда на 1. март со одбележување на Тримерските обичаи и со концерт на Ансамблот Тримери.
Ново на Сител
-
ОЈО: Поведена истрага против македонски државјанин за убиство во Ханиоти
-
Лишен од слобода малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Република Србија во Куманово
-
Средба на Народната банка и ЕБОР за новата Стратегија за земјава за 2025-2030 година
-
На Попова Шапка најстудено со - 5 степени, најмногу снег во Берово 22 сантиметри
-
Евробарометар: Мнозинството македонски граѓани имаат доверба во ЕУ
-
Џихадистите зазедоа уште еден град во северозападна Сирија
-
Усик ќе заработи 114 милиони долари за реванш со Фјури
-
Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа