Почнаа едукативните предавања за средношколците во рамките на проектот „Превенција од никотинизам“
Секторот за внатрешни работи -Штип, Отсек за превенција почна со проектот „Превенција од никотинизам“ преку кој средношколците во Штип ќе се едуцираат за штетните последици од никотинизмот.
Началникот на Отсекот за превенција во СВР-Штип, Ангелчо Стојановски појасни дека целта е со едукативни предавања на младите да им се укаже за штетноста и зависноста од никотинот, имајќи во предвид дека младите се порано започнуваат со пушење на цигари.
- Во овој проект првпат се вклучени врснички едукатори. Ќе се реализира во сите основни и средни училишта во сите општини во надлежност на секторот. Освен превенцијата, предвидени се и спортски натпревари, со кои треба да се промовираат вредностите и здравите навики кај младите, изјави Стојановски.
Средношколците велат дека се упатени за штетноста на никотинот и оти порокот предизвикува сериозни заболувања. Знаат и дека никотинот е опасен и за пасивните консументи.
Според податоците од Светската здравствена организација (СЗО), дури 41 отсто од тинејџерите до 16-та година испушиле барем една цигара, а секој десетти зависник од никотин над 30 години починал од болест предизвикана од пушење.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација