Свет
20. January 2017 - 16:40

Почнаа церемониите пред официјалната инаугурација на Доналд Трамп - гледајте ја во ЖИВО на Сител 3

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп пристигна денеска заедно со сопругата Меланија во епископалната црква „Свети Јован“, со што практично почна свеченоста за негова претседателска инаугурација.

Трамп во црквата присуствува на литургија заедно со своето семејство, потпретседателот на САД Мајк Пенс и неговото семејство, членови на кабинетот и негови пријатели, јави Си-Ен-Ен.

По црковната служба тој ќе замине на прием во Белата куќа, каде домаќин е досегашниот претседател Барак Обама.

Потоа околу 16 и 30 часот по македонско време, ќе тргне кон Капитол Хил каде се очекува заедно со Пенс околу 18 часот да положат заклетва. 

На свеченоста ќе присуствуваат нивните семејства, семејството Обама, членови на Конгресот и Врховниот суд на САД, како и многубројни граѓани