Почна зонското паркирање и во зона Б во Тетово
Јавното претпријатие „Градски паркинг” од Тетово од денеска започна со спроведување на зонското паркирање и во зоната Б во градот.
Зона Б ги опфаќа споредните улици во градот и тоа „Јане Сандански“, „Методија Андонов – Ченто“, „Дервиш Цара“, „Мехмет Паша Дерала“ и улицата „Димо Гавроски – Кара“. Од јавното претпријатие „Градски паркинг“ информираа дека максималното предвидено време за паркирање во зоната Б е шест часа и ќе чини 20 денари за еден час.
- Станарите на улиците од зоната Б имаат право да добијат картичка за повластено пракирање што ќе чини 250 денари за еден месец. За зоната А Што ги опфаќа главните градски булевари „Илинденска” и „Маршал Тито” се уште во сила е одлуката да нема повластена цена за паркирање, изјави директорот на ЈП „Градски паркинг“ Тетово Фејсел Бејадини.
Во однос на барањето од станарите од булеварот „Маршал Тито“ кои немаат каде да ги остават своите возила, Беадини посочи дека се планира изградба на паркинг во иднина што би се наоѓал зад зградите.
- Дали и како ќе продолжи процесот на зонско паркирање и низ останатите улици и зони во Тетово ќе се реши откако ќе се увиди состојбата со спроведувањето во зоните А и Б но засега граѓаните кои прифаќаат овој начин, рече Беадини.
Ново на Сител
-
ЕУ со нови санкции за Русија
-
Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај
-
Сведокот Гоце Трајковски во случајот со убиството на Вања и Панче е осомничен за друго тешко кривично дело и по него се трага
-
Со нож се заканувал на вработен на патарина
-
Акција на грчката полиција за разбивање на турската мафија во Атина и Солун
-
Русија ги повика своите граѓани да се воздржат од патувања во западните земји