Свет
30. January 2017 - 21:14

Почна заедничка воена вежба на полските и американските војници

Првата заедничка вежба на американските и полските сили почна денеска на воениот полигон Жагањ во југозападниот дел на Полска, што полскиот претседателот Анджеј Дуда го оцени како „историски момент“.

- Ова е историски момент, бидејќи се менува моделот на нашиот дел на Европа, истакна Дуда.

Тој изјви дека пред три децении во гарнизонот Жагањ „била сместена друга војска, која не била повикана и која моравме да ја третираме како сојузничка“.

Американската Оклопна бригада од 3.500 војници од Форт Карсон во Колорадо е распоредена во Жагањ од почетокот на годината.

Во вежбите учествуваат копнените сили на војските на САД и Полска, тенкови и оклопни возила.