Македонија
21. September 2020 - 17:56

Почна вториот протест на мајките

Почна вториот протест на мајките кои се на продолжено породилно отсуство и оние чии деца имаат до 6 години.
Со транспаренти "'Децата се безбедни во градинка' е новата македонска хорор приказна", "За нашите деца ги спремавте монтажните болници?", "Пратениците дома, бебињата во градинка" тие бараат продолжување на отсуство до Нова година.
-Се уште немаме добиено одговори на клучни прашања, како - кој ќе ја плаќа мајката ако детето заболи од Ковид-19, истакна Милена Дабоска Симовска
Побараа средба со премиерот Зоран Заев за повторно да ги истакнат своите барања.
 
 
Даниел Василев