-->
-->
Почна Велешка питијада 2015
-->
Во организација на Општина Велес, со поддршка на бизнис секторот, вечерва почна традиционалната 12. Питијада. Манифестацијата ќе трае до недела, а ја отвори градоначалникот Славчо Чадиев. Тој ги покани сите љубители на пастрмајлија и на македонските вина викендов да дојдат во Велес.
Велешката питијада се одржува на главната улица „Благој Ѓорев“ во новиот дел на Велес, на потегот од пред гимназијата „Кочо Рацин“ кон новиот кружен тек кај „Авона“, каде се поставени штандови на 37 угостители и производители на вино од Велес и Повардарието.
Како што информира Чадиев, Општината ја постави најголемата бина на која ќе настапат 20 естрадни ѕвезди од Македонија и странство.
Манифестацијата ја отворија најмладите велешанчиња, дечињата од градинките „Димче Мирчев“ и ритмичката група „Црни мачиња. На програмата е фолк вечер, со групите „Маестро”, „Виртус”, Зуица Лазова, Благоја Грујовски, Анета и „Молика”, како и тамбурашите oд Суботица, групата „Равница” и Миле Кузмановски.
Како што потсети градоначалниот Славчо Чадиев, Велес е прв град во Македонија каде се подготвувала питата пастрмајлија. Пишаниот документ за подготовка на велешката питата пастрмајлија како автохтон производ кој се наоѓа во Цариградските архиви датира од 1869 година. Според истите записитеа во тоа време во Велес се произведувале по 150 илјади оки домашно вино годишно.Питата пастрмајлија и виното затоа не одат еден без друг, потенцира Чадиев.
Во сабота вечер ќе настапат Боби Мојсовски, Влатко Лозаноски, Елена Ристеска и „Парни Ваљак". Забавата продолжува во Градскиот парк, каде на помошното игралиште настап ќе имаат познатите ДЏ Никифор, Г’не и Бокац.
Во недела се Ален Хасановиќ, Филип Божиновски, Александар Тарабунов, Фолтин, Калиопи и ДНК, како и велешките рок легенди од 60 и 70 - тите години, групите „Елиси“ ,„Изотопи“, „Триумфи“, „Лебеди“ и „Силуети“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон