Loading Video...
Свет
8. December 2020 - 16:56

Почна вакцинацијата за Ковид-19, 90 годишна британка ја доби првата доза

Марагрет Кинан е прва во Велика Британија, но и во светот која ја прими фајзеровата вакцина против Ковид-19 надвор од клиничките студии. Таа за една недела ќе наполн и 91 година и вели дека го добила најдобриот роденденски подарок.

Првата доза на вакцината Британката ја доб  во универзитетската болница во Ковентри, во Централна Англија. По 21 ден ќе ја прими и втората доза. Нејзиниот организам според упаството на Фајзер и Бајонтек ке има развиоено целосен имунитет 7 дена по втората доза.

Со Маргарет Кинан, Британија и официјално го почна процесот на масовна вакцинација. Првите 800 000 дози одат  кај граганите постари од 80 години, здравствените работници на првата линија во борбата против ковид и вработените во домовите за стари лица.Вакцинацијата ќе се псорведува во околу 70 болници. Почетокот на вакцинацијата не значи автоматски и крај на кризата вели министерот за здравствто.  

Од утрово чуствувам конфликнтни емоции, од една страна се чиствувам возбуден како Маргарет ја доби својата доза, а потоа и г-динот Вилијам Шекспир, но сум и многу одлучен дека како земја треба да се држиме заедно дури ги поминеме овие последни месеци. оти овој вирус уште е смртоносен. Мора да се држиме по правилата, иако во меѓувреме го почнуваме процесот на вакцинација. Не чека долг пат за марширање, мора да останеме цврсти. Сите може да видите дека имаме патека до излезот и се надевам дека ќе се вратиме во нормала до пролетта, сигурно до леттото, но сеуште мора да сме внимателниџ за сега истакна Мет Хенкок.

Велика Британија нарача 40 милиони дози од Фајзеровата вакцина, доволни за околу една третина од населението, кое брои 67 милиони.