Македонија
24. јуни 2018 - 19:32

Почна уште една Меѓународна ликовна колонија во Вевчани

Вевчани сместено под падините на Јабланица центар  на ликовното творештво. Природните убавини,вевчанските извори,старата архитектура ,црквите и манастирите претставуваат неповторлива инспирација за творење на уметниците.Тие низ традиционалните прошетки доколку нешто ги привлече земаат материјали и одат на соодветната локација да сликаат.

„Заедничките вредности помеѓу народите на Балканот како мост за развој на меѓусебното пријателство, почитта и разбирањето“,е темата на овогодинешната 9та меѓународна ликовна колонија на која учествуваат 40тина  сликари од Македонија, но и повеќе европски држави .

На отварањето присутните ги забавуваа познатата балканска музичка ѕвезда, Жељко Самарџиќ и македонската поп икона, Драган Мијалковски.

Почнувајќи од 2010та, секоја година на крајот на месецот јуни, во Вевчани, се организира Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. На оваа културно-уметничка манфестација имаат земено учество над 200 еминентни ликовни уметници од Македонија и од странство.