Македонија
1. September 2016 - 12:37

Почна учебната 2016-2017 година во штипските училишта

Почна новата учебна 2016-2017 година во петте основни и шестте средни училишта во Штип. Во училишните клупи седнаа 490 првачиња, што во споредба со минатата година бројата е зголемена за 40 првачиња.

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев, кој денеска присуствуваше на свечениот прием на учениците во подрчаното училиште во приградската населба Три чешми забележа дека во ова училиште ќе се зголемува бројот на ученици, бидејќи на оваа локација ќе се понудат и над 100 парцели за изградба на индивидуални куќи, а кои ќе бидат опфатени со проектот „Купи куќа за млади“.

- Се она што ние го правиме на микро план, уредувањето на градот во сите негови населби, населени места, се она што го прави Владата преку инвестирање на патната инфраструктура и другите големи проекти, се она што го правиме во делот на економијата, отварање на нови фабрики привлече граѓани до соседните градови да се доселат во нашиот град. Тоа значи дека бројот населението и на деца во Штип ќе расте, вели Захариев.

Општина Штип во текот на изминатите три месеци инвестираше во реконструкција на училишта, изградба на нови спортски игралишта не само во централнити, туку и во подрачните училишта во руралните средини.

- Во селото Чардаклија децата ќе имаат сега спортско игралиште, такво ќе има и во село Шашаварлија, завчера го асфалтиравме игралиштето во селото Селце. Во населбата 8 ми Ноемри во ООУ „Тошо Арсов“ ги асфалтиравме двете спортски игралишта, ја реконструиравме спортската сала, тоа се случува и во училиштата  „Димитар Влахов“, „Славејко Арсов“ и „Ванчо Прќе“, рече Захариев.

Општина Штип обезбеди и бесплатен превоз за учениците од основните и средни училиште.