Loading Video...
Свет
13. јуни 2019 - 17:47

Почна трката за наследник на Тереза Меј, фаворит Борис Џонсон

Почна трката за наследник на Тереза Меј.  За местото лидер на владејачката  конзервативна партија во Велика Британија  по денешниот прв круг на гласање остануваат да се борат 7 кандидатати.

Трката ја напуштија тројца  Харпер, Ледсам и Меквеј. Конзервативните  пратеници ќе гласаат уште во неколку круга се се додека во трката не останат само двајца кандидати.

Потоа партиските членови ќе го избеарт победникот, кој   ќе го заземе  и местото премиер на Велика Британија.

Според анкетите главен фаворит е екс шефот на британската дипломатија Борис Џонсон.