Македонија
8. July 2015 - 17:12

Почна судењето на Тони Станоев - Трикратниот убиец од Кавадарци

Виновен сум и се каам за стореното, ова денеска на почетокот од судењето го изјави обвинетиот за тројното убиство во Кавадарци. Тони Станоев пред судот тврдеше дека тоа не го сторил со умисла. Големо влијание имале разводот и неговото нарушено психичко здравје.

Станоев иако го признава обвинението, го смени исказот. Велеше дека по кратката расправија пиштолот паднал и испукал кон двете жени. По ова, повеќе не се сеќавал што се случувало. 

Нашиот брак беше пекол, низ солзи раскажуваше сопругата на обвинетиот. Бев тепана и малтретирана, а моите родители постојано добиваа закани дека ќе ги убие.

Според обвинението, на Станоев му се заканува и доживотен затвор. Обвинет е за убисто на родителите и сестрата на неговата сопруга. Судењето ќе продолжи по една недела.