Свет
23. May 2017 - 11:57

Почна судењето на поранешната претседателка на Јужна Кореја

Во Сеул почна судењето на поранешниот јужнокорејски претседател Парк Геун-хе, која е обвинета за корупција.

Парк е обвинета за поткуп, за злоупотреба на државничката фунција, како и затоа што дозволила „истекување“ на државни тајни.

Во зградата на судот, поранешната претседтелка која беше сменета од функцијата со импичмент, пристигнала од затвор, со лисици на рацете.
Според јужнокорејските закони, доколку биде прогласена за виновна и осудена, Парк се соочува со казна доживотен затвор.

На првото сослушување, поранешниот шеф на државата изјави дека не се чувствува виновна.

Аферата избувна во јавноста кога се разбра дека како претседател и помагала на својата блиска пријателка- бизнисмен Чои Сон-сил да извлекува пари од познатит јужнокорејски компании, меѓу кои и од „Самсунг“ во вид на донации, за да се добие политичка наклонетост.

На суд е изведена и Сон-сил, пријателката на сменетата и затворена претседателка, која исто така се изјаснила дека не сторила ништо спротивно на законот.