Македонија
29. August 2018 - 11:10

Почна судењето на Јанкулоска во случајот „Тенк“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска од почеток стартува судењето на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која е една од обвинетите во предметот „Тенк“.

Во судницата присутна е обвинетата Јанкулоска, а претседателка на Судечкиот совет е судиката Добрила Кацарска.

На Јанкулоска и се суди во раздвоена постапка бидејќи имаше ризична бременост и беше на породилно боледување.

Случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинтелство се однесува за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра. За овој случај веќе е осуден поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор, а поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор.