Македонија
7. May 2021 - 15:15

Почна средбата Пендаровски - Мицкоски

Средбата помеѓу претседателот Пендаровски и лидерот на опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ почна во Вилата Водно. На оваа средба која се оддржува по барање на Мицкоски тема ќе бидат настаните и обвинетите од „27 април“. Состанокот се случува откако Мицкоски и Пендаровски јавно се изјаснија дека престрога е квалификацијата тероризам за обвинетите на овој случај.

Пендаровски и Мицкоски се сретнуваат по девет месечна пауза откако претходно беа замрзнати односите помеѓу опозицијата и шефот на државата.

Катерина Нешкова