-->
-->
Почна состанокот на Путин и Трамп во Осака
-->

Во тек е билатерална средба меѓу претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трампа, во Осака, каде се одржува самитот на Г-20.
Според руски медиуми, средбата се очекува да трае од час до час и половина.
Путин им изјави на новинарите во пресрет на состанокот дека тој смета дека средбата со Трамп е добра можност да се продолжи со дијалогот по самитот во Хелсинки, каде што двајцата лидери имаа средба во 2018 година.
Тоа е прв состанок на двајцата претседатели откако Трамп ги откажа разговорите со Путин, што требаше да се одржат во Аргентина на маргините на самитот на Г20 во декември 2018 година.
Од тогаш, двајцата претседатели еднаш разговараа по телефон во мај 2019 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Унгарските пратеници се откажаа од 40 проценти од нивните плати
-

Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
-

Поставени нови 72 знаци и патокази во Национален парк „Пелистер“
-

Кампања за заштита од пожари на Плоштад Македонија
-

Трамп го предупредил Нетанјаху дека Израел може да остане без американска поддршка
-

Евроамбасадорот Рокас во посета на Собранието
-

Сончево и топло
-

Десет милијарди евра во инфраструктурни капитални проекти во наредните 10 години: Владата најавува сериозен развоен потенцијал
