Македонија
5. October 2022 - 16:38

Почна сослушувањето по пријавата од Муареми, Жан Митрев со 1 милион евра гарантирал дека ќе биде достапен

Скопското обвинителство интензивно работи на кривичната пријава поднесена против Русковска поради претресот направен во Финансиската полиција. Првиот човек на Обвинителството на брифинг со новинарите, информираше дека веќе е сослушан подносителот на кривичната, Муареми, а во следните денови ќе биде испитана и Русковска.

Поранешниот директор на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, е сослушан во обвинителството, соопшти денеска шефот на скопското јавно обвинителството, Гаврил Бубебевски.. Муареми бил повикан во обвинителството да  ги објасни наводите од кривичната пријава поднесена против Вилма Русковска.  Тогаш, Муареми тврдеше дека бил незаконски претресот во Финансиската полицијата, а Русковска со уште две обвинителки ја злоупотребиле службената положба.. Првиот човек на скопското обвинителство открива дека на разговор ќе бидат повикани и трите обвинителки.

„Сослушан е подносителот на кривичната пријава, а во следните денови ќе се испитаат и пријавените. Засега, не се сослушани други лица во врска со случајот“, информира Бубевски.

Тој на брифинг со новинарите откри дека за околу три месеци треба да заврши истрагата за Жан Митрев кој е осомничен за измама на пациенти.. Биле сослушани оштетените, а компјутерски и финансиски истражители го проверувале и работењето на Митрев.. Дека нема намера да бега додека трае истрагата, тој депонирал и милионска сума пари, информира обвинителството.

„Освен одземената патна исправа, од осомничениот пред околу еден месец е дадена гаранција во готов износ од 1 милион евра во Кривичниот суд и цениме дека е обезбедено присуството на обвинетиот“, рече Бубебвски.

Според обвинителството, Жан Митрев, со лажно пријавување факти, довел во заблуда пациенти лекувани од Ковид-19 со методот на хемофилтрација.