Македонија
12. November 2015 - 14:05

Почна снимање на документарен филм за Росоман

Продукцијата „Мариово филм” денеска почна со снимање на документарен филм за Росоман.

Општинската служба за информирање соопшти дека ќе се снима на повеќе локации, а целта на проектот е да се промовира културното наследство и историјата на Росоман.

Во филмот Росоман ќе се промовира како место на земјоделството и на економскиот развој. 

Градоначалникот  Стојанче Лазов рече дека Росоман е најголем производител на праски во Македонија и од нивната општина  се околу 1 процент од светското производство на овој вид овошје.