Почна седницата за пратенички прашања, опозицијата со забелешки за Џафери
Собранието на Република Македонија денеска првпат по изборот на новата Влада одржува седница за пратенички прашања.
На самиот почеток од седницата во процедурална забелешка Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ реагираше на начинот на којшто работи Парламентот и на којшто е закажана денешната собраниска седница. Посочи дека согласно Деловникот за работа, денеска не е денот за седница за пратенички прашања и забележа дека 90 проценти од законите што ги предлага Владата, се носат по скратена постапка.
- Оваа остра критика не ја разбирајте погрешно, туку како повод да ги подобрите работите, рече Димовски, според кого треба сериозно да се разгледа и денешното писмо што нивниот сопартиец и поранешен претседател на Парламентот Трајко Вељаноски утрово го испрати до јавноста и до пратениците.
Претседателот на Собранието Талат Џафери објасни дека седницата за пратенички прашања е закажана за денеска поради опредени околности.
- Поради изборниот процес и 100-дена избор на Влада досега немавме можност да организираме седница за пратенички прашања. Имајки предвид дека во меѓувреме во Собранието во процедура е носењето на Буџетот за 2018, а расправата во матичната Комисија за финансирање и буџет се пренесува директно и тогаш не може да се одржуваат пленарни седници, како варијатна беа два термини - вчера и денеска. Поради обврските на Владата заради претходно закажаната седница меѓу владите на Македонија и Бугарија, се договоривме со координаторите, седницата да биде денеска, иако знаевме дека денес не е редовниот термин, појасни Џафери.
Во однос на тоа што седницата не е закажана во вообичаениот термин од 11 часот, туку во 12 часот, Џафери истакна дека тоа е направено поради веќе закажани протоколарни средби на премиерот, а за забелешките дека покрај седницата за пратенички парашања, се закажани уште две седници, рече дека се работи за пленарни седници на кои треба да се гласа само по останатите точки од дневниот ред.
За писмото на пратеникот Вељаноски, претседателот на Собранието образложи дека писмото не е упатено како што предвидува Деловникот за работа, но оти доколку се усогласат не е спорно писмото да се пушти низ парламентарна процедура.
Ново на Сител
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје
-
До април 2025 година ќе почнат градежните работи за третата фаза за Старата скопска чаршија, најави Меџити
-
Меџити за инцидентите на Денот на албанското знаме: Ќе одговараат сите кои го прекршиле законот
-
Македонец за 3,000 евра месечно отишол да се бори за руската војска во Украина
-
Пуштено во употреба метрото во Солун
-
Уапсени велешани со еден килограм кокаин | ФОТО
-
И утре облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
-
ЦУК: До 11 часот сите патни правци во државава се проодни, освен планиските делови