Почна седницата за одложување на изборите и избор на нови министри
Собранието на Република Македонија ја започна 101 седница, на чиј дневен ред се измени на Изборниот законик, по скратена постапка и избор на нови членови на Владата.
Со Предлог законот за изменување на Изборниот законик, по скратена постапка, се предвидува укинување на членовите со кои се предвидува одржување на предвремени парламентарни избори на 5 јуни. Со измените, предложени од Талат Џафери од ДУИ, не се предвидува нов датум за одржување избори.
Исто така на дневен ред на оваа седница е и предлогот на премиерот за спроведување на предвремените избори Емил Димитриев за нови членови на Владата да бидат именувани Митко Чавков, за внатрешни работи и Диме Спасов, за труд и социјална политика.
На седницата, како што во дописот до Собранието побара Димитриев, треба да бидат констатирани оставките на министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски и за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски, како и на дополнителните заменици министри за финансии Кире Наумов, за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Претседателот на Собранието ја закажа оваа седница по денешната едногласна одлука на Уставниот суд на Република Македонија да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Парламентот од 18 јануари 2016 година и Одлуката за изменување на Одлуката за распуштање на Собранието од 23 февруари 2016 година. Притоа, уставните судии донесоа и времена мерка со која се запираат сите изборни дејства.
Иницијативата за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Парламентот беше поднесена од Талат Џафери од ДУИ.
Ново на Сител
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс
-
Истрага за Онкологија – кој се ќе одговара за поигрување со човечки животи?
-
ЦГК: Општините и министерствата заедно трошат над 2 милиони евра годишно за адвокати
-
СДСМ бара да се повлечат измените
-
Андоновски: Државата нема да забрани Тик-Ток, ќе работиме на едукација на родителите
-
Телеком го поддржа театарскиот проект Замисли нов свет
-
Преглед на вестите од светот