Почна реконструкција на улицата „Народни херои“ во Кисела Вода
Во општина Кисела Вода денеска почнаа градежни работи за реконструкција на коловозот и на тротоарот на улицата „Народни херои“, која со зафатот ќе биде обновена на потегот од крстосницата со улицата „Димо Хаџи Димов„ до крстосницата со улицата „Христо Татарчев“, во должина од 416 метри. На реконструкција ќе работат градежниците на Ју Бај 2 Амет ДООЕЛ Скопје.
- На оваа делница која е многу оштетена ќе се изгребе постојниот асфалт, ќе се нивелираат шахтите и сливниците, ќе се постават нови рабници, ќе се засили носечкиот слој и ќе се нанесе нов асфалт. Во текот на градежните работи ќе се обноват и тротоарите во ширина од 1,5 метри од двете страни, коишто ќе се покријат со бекатон-плочки на површина од 1.250 квадратни метри. Градежните работи на оваа делница треба да завршат за 90 работни дена. Градот Скопје за овој зафат ќе потроши околу 10,4 милиони денари, изјави градоначалникот на Скопје Коце Трајановски кој присуствуваше на почетокот на градежните работи заедно со градоначалникот на Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ.
Трајановски додаде дека обновата на улицата „Народни херои“ ќе придонесе да се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот во овој дел од главниот град.
Посочи и дека Град Скопје ова лето реализира крупни инфраструктурни проекти во сите десет скопски општини. На територијата на општината Кисела Вода во тек е проширување на третиот дел од булеварот „Борис Трајковски“, на потегот од поранешната фабрика „Стакларница“ до влезот во населбата Пинтија, а се работи и на проширување на булеварот „Србија“ до улицата „Христо Татарчев“.
Ново на Сител
-
Светска банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19 проценти
-
18-годишник се здобил со тешки повреди откако со возило излетал од патот кај Гостивар
-
Фатен бегалец од затвор
-
ЈОРСМ: Преземени сите списи во врска со постапките за утврдување одговорност на судии кои постапувале во „Таргет-Тврдина“
-
ССМ: До крајот на годината работодавачите да исплатат К-15, право загарантирано со ОКД
-
Судски совет: Нема наредба за претрес, соработуваме со ОЈО Скопје
-
Мицкоски: Борбата со криминалот подолжува, се работи на десетици случаи
-
Над 900 производи во „Новогодишната кошница“