Македонија
27. May 2019 - 13:51

Почна реконструкција на регионалниот пат Куманово-Опае

Почна реконструкцијата на регионалниот пат Куманово-Опае во должина од шест километри и ширина 5, 5 метри. За реконструкцијата од Европска  банка за обнова и развој одвоени се 670.000 евра.

Денеска, увид извршија министрите за транспорт и врски Горан Сугарески, за внатрешни работи Оливер Спасовски, за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку, директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов и градоначалниците на Куманово и Липкпово, Максим Димитриевски и Еркан Арифи.

Подобрувањето на инфраструктурата, нагласи Сугарески, е врвен приоритет на Владата.

– Сакам да потенцирам дека кумановскиот регион е исклучително важен, бидејќи ги поврзува двата европски коридори, 8 и 10 затоа сме сериозно фокусирени во овој регион, сериозно се инвестира во инфраструктурата.60 милиони евра во делот на патишта, железници, во комуналната инфраструктира-изјави министерот за транспорт и врски, изјави министерот Сугарески.

Тој информираше дека ќе се реконструира и патот до Никуштак, се реконструира и ќе продолжи патот Куманово до Свети Николе, како и Куманово-Крива Паланка.

– Во делот на железницата исто така важно е во овој регион поврзување со коридорот 8. До крајот на годинава првата делница Куманово-Бељаковце ќе биде завршена имаме интензивирање на состојбата со потпишување на анекс договорите со фирмата, а веќе на почетокот на наредната, бидејќи завршува преквалификација за втората од Бељаковце до Крива Паланка, да отпочне со изградба, изјави Сугарески.

Тој рече дека Владата и Министерството работат и крупни комунални проекти во Куманово и Липково, со што се придонесува за економскиот развој на овој регион, од кој бенефит ќе имаат граѓаните.

Директорот на  ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, изјави дека во овој регион се реконструираат, рехабилитираат и дел се градат 112 километри патишта.

– Куманово-Опае треба да заврпи за шест месеци, ќе заврши за три месеци. Следната Куманово-Никушатк, Куманово-Пелинце завршени се десет остануваат уште четири кои се работат, Куманово-Свети Николе завршени се десет килоемтри, се работи на вертикална и хоризонатална сигнализација, ќе продолжи да се работи и понатаму
Трае тендерската постапка преку ИПА, Куманово-Страцин Крива Паланка, почнува есента, цеиот ќе се рехабилитира, изјави Китанов.

Тој најави дека темелно ќе се рехабилитира и реконструира Искирн Мост. Се очекува, подвлече, да заврши тендерската постапка, а ќе се инвестираат 2,5 милиони евра плус ДДВ за реконструкцијата. Со овие инвестиции во патиштата кумановци, додаде, ќе возат по безбедни патишта.

Одговарајќи на новинарски прашања за Миладиновци-Штип, Китанов истакна дека се привршуваат последните метри, се поставува заштитна мрежа, дека се очекува да биде пуштен наскоро со тоа што на две места во должина од 100 до 200 метри поради изведување на активности надвор од автопатот ќе има времен режим.

– Во меѓувреме завршува тендерот за сите евидентирани слабости недостататови на главниот проект кои што во следниот период два до три месеци комплетно ќе бидат елиминирани, изјави Китанов.

Кон  средина на летото ќе почне и изградбата на патарини.

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски се заблагодари на Владата за инвестициите во Куманово и североисточниот регион. Тој очекува Владата да продолжи со реализација на капитални инвестиции за овој регион кој најмалку е развиен, и посочи дека оваа инфраструктура во која Владата вложува е градена далечните шеесети години.