Македонија
11. May 2023 - 16:35

Почна расправата по законските измени за новите Коридори

Почна комисиската расправа за 5-те владини закони поврзани со изградбата на Коридорите, а кои во парламентот се по втор пат, овој пат со европско знаменце и по скратена постапка.

Опозицијата обвинува за злоупотреба на брзата „европска“ трака за носење на законските измени. За измените во законот за работни односи, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се  противуставност и се зголемува таботната недела, не на 60 часа како првичнотот решение, туку на дури 72.

За власта пак, опозициијата е деструктивна, а европското знаменце на законите неопходно да се надмине пречката.

Атмосферата во Комисијата во еден момент стана тензична, но и имаше и релаксирачки момент.

Дебатата во Комисијата за секое законско решение трае најмногу два дена, односно за сите закони најмногу 10 дена. Сепак, проценките се дека амандманската расправа ќе заврши за една работна дела, а уште неколку дена ќе бидат потребни на пленарна седница за конечно законите и да бидат донесени.