Македонија
10. October 2018 - 19:47

Почна процедурата за уставни измени во Собранието - на седницата присутни и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата

Не се лесни ова прашање, но на нив се препознава лидерство.  Пратениците, без разлика на која партија припаѓаат,  треба да ја понесат историската одговорност и да донесат одлука која ќе обезбеди пат кон ЕУ и НАТО.  Премиерот Зоран Заев ги повика народните избраници да гласаат за предлогот за пристапување на измени на Уставот во парламентот. Таму почна собраниската процедура за уставни измени преку расправа во матичната Комисија за уставни прашања. Вчласта и опозцијата ги спротивставуваа аргументите со аплаузи, но и довбикувања.

Заев, како предлагач, ги образложуваше четирите клучни промени во највисокиот правен акт, а потенцираше дека со нив се гледа дека Владата го заштитила идентитетот во преговорите со Грција. Повика и национално обединување и помирување.

Од излагањата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ  јасно е дека тие стојат на својот за став за неменување на Уставот со цел промена на името.

Ачтернативата според опозцијата е постигнување на единство и заеднички позции и да се побара партнерство со ЕУ и НАТО.

Според деловникот, комисиската расправа може да трае најмногу 10 дена, исто и пленарната седница за прифаќање на владиниот предлог. За да помине оваа прва фаза ќе биде потребно дво третинско мнозинство кое се уште е неизвесно. Вакво мнозинство ќе биде потребно и во наредните фази. Доколку уставните измени, опцијата се брзи предвремени избори.