Македонија
14. јуни 2019 - 16:10

Почна пробниот попис пред пребројувањето на населението следната година

Зградите и куќите на потегот каде што завршува скопски Центар, а почнува Кисела вода ќе бидат првите што ќе бидат попишани согласно новите правила за пописот што треба да се одржи во април наредната година. Граѓаните што живеат во нив нив речиси една година порано ќе ги дознаат прашањата што ќе бидат поставувани. Денеска стартува пилот пописот во 13 општини меѓу кои и Кисела вода.  Попишувачките тимови од Државниот завод за статистика веќе се на терен.

Попишувањето се спроведува електронски. Попишувачите со лаптопи поврзани преку интернет конекција директно во посебна апликација ги внесуваат податоците. Потоа тие ќе бидат обработени и споредени со податоци од шест административни бази. Граѓаните ќе одговараат на стотици прашања. Етничката графа ќе биде како и на сите пописи досега - граѓанинот сам ќе ја одреди и каже етничката определба.

Пробниот попис ќе трае до крајот на јуни. Со него се проверува дали ќе функционира овој систем на попишување откако во 2011 година пропадна редовниот попис, а државата речиси 20 години е без статистичка операција. Пилот проектот се спроведува без донесен Закон за попис поради забелешките на опозциската ВМРО-ДПМНЕ за попшувањето на ислениците. Забелешки имаат и дел албански партии.

Директорот на заводот за статистика вели дека со пописот нема да се опфати целата дијаспора, туку само оние иселеници кои имаат македонско државјанство и матичен број.

-Да се види вкупен број на население, дека исленици не влагаат во вкупно население  и дека пописот не е за исполнување на желби на политички партии, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика.

Симовски тврди дека дека попишувањето на нерезидентно насление е дозволено според стандардите на Обединтетите нации и Евростат.

Иселениците ќе се попишуваат на два начини. Еден месец пред пописот во април, македонските државјани што се наоѓаат надвор од државата ќе можат да се самопопишат преку интернет страницата на Статистика.  Вториот начин е преку попишувачите на терен.  Роднина, сосед или кое било лице кое поседува информации за ислени македонски државјани на попишувачот ќе треба да им ги каже матичните броеви на иселените. При тоа, нема да мора приложува никакви документи. Добиените матични броеви потоа ќе се внесат во постојните административни бази за да се добијат сите останати информации за иселениците.