Македонија
21. August 2017 - 19:36

Почна осмата по ред Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Секоја инвестиција во младите е инвестирање во иднината  осум генерации е сериозна бројка на луѓе кои поминале обука како да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат креативноста и менаџерските способности истакна претседателот на Р.М. Ѓорѓе Иванов.  Вкупно 40 учесници и 22 предавачи од Македонија, Европската унија, САД и Кина, се дел од Школата за млади лидери, која што се одржува во Охрид. 

Европа нема лидери ,визионери големите светски лидери се луѓе со исклучително широка култура со огомни познавање и добрнамерни смета поранешниот претседател на бугарската акдемија на науките и уметностите Воденичаров.

Во изминатите седум години на школата учествуваа 280 млади луѓе и над 160 реномирани предавачи.