Почна новогодишното украсување на Гевеглија
Во Гевгелија денеска почна новогодишното украсување на градот, за што се издвоени средства од општинскиот буџет.
Новогодишно, како што соопшти информативната служба на општината, ќе бидат украсени улиците на влезниот и централниот дел на градот, и тоа булевар „Гевгелија“, „Слободан Митров-Данко“, „7 Ноември“, „Маршал Тито“ и на „Димитар Влахов“. Со атрактивно ѕвездено небо ќе биде прекриено градското шеталиште.
За комплетирање на новогодишниот амбиент ќе бидат поставени и две елки од кои една на кружниот тек на булевар „Гевгелија“, а другата на шеталиштето во центарот на градот. На новогодишниот амбиент му се воодушевуваат и бројните гости од Грција кои деновиве помасовно почнаа да тргуваат во супермаркетите во пресрет на нивните божиќни празници.
Ново на Сител
-
Јавниот линиски превоз во Штип, успешна приказна
-
Преглед на вестите од свет
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД