Македонија
20. September 2021 - 16:33

Почна НАТО вежбата во Охрид

Заедничките евроатлански вредности, јакнењето на единството и солидарноста претставуваат темел и суштински двигател на меѓусебно приближување на државите од регионот.

Организираниот криминал, нелегалната миграција, компјутерскиот криминал и сајбер нападите, лажните вести и пандемијата со Ковид-19 се комплексни предизвици за чие откривање, спречување, е неопходен современ регионален пристап и заедничка стратегија за делување истакна министерот за внатрешни работи Спасовски на вежбата „Северна Македонија 2021“која во организација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи и Центарот за управување со Кризи се одржува во Охрид и Струга.

Членството на Северна Македонија во НАТО носи обврски, но дава и можности, преку вакви обуки и тренинзи да се увежбува отпорноста и способноста за справувањето со предизвиците било да се предизвикани од природни непогоди или од човечки фактор потенцира помошникот Генерален секретар за операции на НАТО, Џон Манза.

На вежбата ќе учествуваат речиси 700 претставници од 28 држави членки и парнери на НАТО и неколку меѓународни организации.