Македонија
14. February 2020 - 16:39

Почна Минхенската безбедносна конференција - влијанието на ЕУ методологијата најважна за македонската делегација

Новата методологијате за проширување на ЕУ  е тема  и во дискусиите  на безбедносната конференција во Минхен. Министерот Димитров очекува таа да не доближи до европските фондови,но  и да ги држи под контрола политичките елити преку  методот на реверзибилност. Тој побара од Унијата да покаже кредибилност и да ги испочитува дадените ветувања.

Ако Европа сака да биде кредибилен партнер во кој имаме доверба мора да ги испочитува обврските. Ако  ги разочара Владите, тие ќе ги разочараат граѓаните што нас не доведе до избори. За Европа да ги поттикне силите подготвени за компромис,тогаш треба да препознае каде лежи прогресот.Залогот е  голем и за нас и за ЕУ. 

Новата методологија ја бранеше еврокомесарот Маргаритис Схинас потпретседател на комисијата на Ван Дер Лејен. Според него таа дава шанси за подобрување на процесот, кој сега може да стагнира само ако нема политичка воља во земјата кандидат.

Се очекува утре на  безбедноста конференција за новата методолгија свое гледиште утре  да даде и  францускиот претседател Емануел Макрон . Во Минхен покрај  500 лидери во областа на политиката, бизнисот и цивилното општетсво, учествуваат и престедателот Пендаровски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.