Македонија
14. January 2020 - 16:47

Почна комисиска расправа за аерозагадувањето

Надлежните не се заинтересирани да ги слушнат пратеничките ставови за проблемот со аерозагадувањето. Комисиската расправа заврши без конкретни заклучоци со низа препукувања меѓу власта и опозицијата во празната сала, кој што направил или не направил да го намали загадувањето. Од ВМРО ДПМНЕ обвинија дека СДСМ на власт дошле со големи ветувања за чист воздух но наместо тоа македонските градови се на врвот најзагадени во светот.

Резултатите од мерките  се поразувачки а се штити само профитот на големите индустрии обвини пратеничката од ДОМ. Поповска смета дека за планот за чист воздух треба да се издвојат 10 пати повеќе средства и побара да се изгласа  закон за забрана на  увоз на отпад кој се користи како енергенс.

Независната група пратеници на ВМРО ДПМНЕ предложија низа мерки со кои до 2021г би се  намалило загадувањето  за 50 проценти. Затоплувањето на прегорено уље ,со остатоци од мебел, горење гуми да претставува кривично дело е само  дел од мерките кои следната недела ќе се најдат пред пратениците: регулирање на греењето на домовите и забрана за греење на дрва , јаглен мазу в урбаните средини ,Ширење на гасификациони и топловодна мрежа ,Субвенционирана цена за пелета Променс на системите во сите јавни установи ,Да нема ниту една инст која ќе се грее на дрвја мазут јаглен, Таксисти автобуси во наредни 4 години еуро 6 или да се плин.

За енормното загадување ќе дискутираат пратениците и на пленарна седница.