Македонија
5. October 2019 - 16:43

Почна карванот на СДСМ под мотото ,,На прав пат‘‘ - Заев на трибина во Штип

Карванот предводен од СДСМ и коалиционите пратнери, кампањата за средби со граѓаните ја започна од Штип, со трибина во Домот на културата – Ацо Шопов.

Пред присутните лидерот на СДСМ, Зоран Заев истакна дека опозицијата ги негира мерките кои актуелната Влада ги презема и се противи на зголемувањето на минималната плата, повратот на ДДВ, социјалните пензии, повисоките плати, реформите во сите сектори и на интергацијата на земјава во ЕУ И НАТО.

Македонија ги чека историските 17 –ти и 18-ти октомври, кога земјата треба да добие и официјален датум за старт на преговорите за членство во Унијата, а влезот во НАТО може да се оддолжи до почетокот на идната година, поради политичките случувања во Шпанија.

Македонија е на вистинскиот или правиот пат, затоа што како никогаш досега функционира правната држава, која гарантира економски раст, инвестици и мотивација за младите да ја гледаат иднината во сопствената држава. Сега, вели Заев, Премиерот го пријавува криминалот, постапката за случајот „Рекет“ се води транспарентно, а во притвор се главниот специјален јавен обвинител, газда на медиум и бизнисмени.

а трибината на која приствуваше највисокото раководство на партијата, говореа и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и штипскиот градоначалник.

Претходно  премиерот и претседател на СДСМ присуствуваше на отворањето на новата општинска зграда во Лозово и на обредното зажнејување во Кочани со што и официјално старуваше манифестацијата „Денови на оризот“.