Бизнис
26. December 2018 - 19:37

Почна кампањата за користење на средствата од ИПАРД

Близу 12 милиони евра од ИПАРД 2 програмата им стојат на располагање на земјоделците од новата мерка наменета за модернизација на земјоделските стопанства. Повикот кој беше објавен денес,  а ќе трае до 9 февруари овозможува широк спектар на инвестиции во примарното земјоделско и сточарско производство вклучително и во инфраструктурни зафати. Јавниот повик поддржува и инвестиции во садење или пресадување на повеќегодишни растенија како и во нови машини и опрема.

,, Ипард програмите се од исклучителна важност за развој на македонското земјоделство и вклучуваат мерки кои директно им помагаат на нашите земјоделци. Само на првиот јавен повик од ИПАРД 2 се примени рекордни 1649 барања за инвестициски проекти од кои што до сега одобрени и влезени во фаза на реализација и исплата се 937 проекти во вкупна вредност од над 18 милиони евра.,, вели ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ МИНИСТЕР ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ

Од рекордниот број склучени договори од првиот повик на ИПАРД 2 програмата скоро 400 се реализирани, а преку 130 договори во вредност од 1,4 милиони евра веќе се исплатени.

,, Само за една година успеавме да вратиме во македонското стопанство 1,4 милиони евра кои што со планираните инвестиции во нареднава година навистина ќе бидат една вистинска поддршка на целокупниот аграрен сектор.,, вели НИКОЛЧЕ БАБОВСКИ – ДИРЕКТОР НА ПЛАТЕЖНА АГЕНЦИЈА

За подобро информирање и едукација на граѓаните за можностите кои се нудат преку за ИПАРД фондовите министерството започна и едукативна кампања. Планирано е да трае 18 месеци,  период во кој ќе се одржат 3 форуми,, 6 работилници и 80 инфо денови.