Почна кампања „Посета на 1.000 села во Македонија“
Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството-АПРЗ со седиште во Битола ја почна кампањата „Посета на 1.000 села во Македонија“.
Од АПРЗ информираат дека кампањата почна од битолското село Бистрица, ќе се одвива во осумте региони и ќе заврши до крајот на мај со информативен настан во охридското село Оровник.
- Главни теми во текот на кампањата се информациите поврзани со програмите за поддршка што ги нуди Владата на Република Македонија, програмата ИПАРД-2 (2014-2020) и кампања за осигурување на земјоделските имоти. Во над илјада села во Македонија ќе вршиме презентирање на новиот вид на земјоделско осигурување бидејќи сакаме да се зголеми бројот на земјоделски осигуреници кои треба да се навикнат да ги осигуруваат своите имоти и површини. Земјоделското осигурување е приоритет во аграрната политика на државата, обезбедени се поволности и владино кофинансирање и затоа низ оваа кампања земјоделците ќе бидат изворно информирани, посочуваат од секторот за односи со јавност на АПРЗ.
Според програмата за реализација на кампањата „Посета на 1.000 села во Македонија“, во пелагонискиот регион ќе бидат посетени 189 села, во вардарскиот регион 170, во југоисточниот 114 села, во источниот регион 146, североисточниот 123, во скопскиот регион 70, во полошкиот 72 и во југозападниот регион ќе бидат посетени 116 села.
Ново на Сител
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува