Бизнис
10. July 2017 - 22:34

Почна изгрдбата на пречистителна станива во Источна Македонија проект вреден 21 милион швајцарски франци

Поставен камен темелникот на најголемата пречистителна станица за отпадни води на Истокот. Во кочанското село Мојанце во следните три години ќе се гради пречистителниот комплекс, со донаторски средства од Владата на Швајцарија, на кој ќе бидат приклучени сите населени места од рамничарскиот дел на кочанскиот регион.

-Ние инвестиравме овде 21 милион швајцарски франци и бидејќи веќе имаме проекти кои што се тековни овде, во општината, се надеваме дека само ќе се надополнуваат со оваа финансиска поддршка- Сибиле Сутер Тејада, амбасадор на Швајцарија во Р.Македонија

Од националната каса ќе бидат издвоени дополнителни 2 милиони евра.

-Очекувам и другите да го следат овој пример и сите заедно да работиме на здравата животна средина-изјави Јани Макрадули, заменик министерот за животна средина

Изградба на пречистителни станици долж коритото на река Брегалница е обврска за исполнување на европските стандарди, но и за обезбедување здрава и чиста вода за пиење во бунарските сиситеми.