Балкан
1. October 2016 - 12:30

Почна изградбата на Трансјадранскиот гасовод во Албанија

Во Албанија беше поставен камен темелник за изградба на дел од трасата на Тансјадранскиот гасовод (ТАП) што ќе минува низ албанска територија.

Како што јавија албанските медиуми, трасата од ТАП низ Албанија ќе биде во должина од 215 километри.

Трансјадранскиот гасовод, чија вкупна должина ќе биде 878 киолметри, ќе започнува од наоѓалиштето на газ Шах Дениз во Азербејџан, ќе минува преку Турција, Грција и Албанија и потоа по дното на Јадранското Море ќе завршува во јужна Италија.

Гасоводот е заеднички проект на британската компанија БП, азербејџанската СОКАР, италијанскатра „Снам“, белгиската „Флуксис“, шпанската „Енагас“ и швајцарската „Акспо“. Првите дистрибуции на гас преку ТАП се предвидени за 2020 година.