Македонија
19. February 2016 - 18:32

Почна изградбата на нов паркинг во Автокоманда

На просторот меѓу улиците „Лазар Поп Трајков“ и „Бапчор“, кај амбулантата во населбата Автокоманда, општина Гази Баба почна со изградба на нов паркинг простор со површина од 1.375 метри квадратни. Предвидени се паркинг места за 40 возила.

Градежните работи ги изведува фирмата „Бауер БГ“, а ќе завршат кон крајот на март. Вредноста на овој проект е 3.830.000 денари.

По завршувањето на градежните работи, просторот околу паркингот хортикултурно ќе се уреди.